Top Sport

Велшаните му се налутија на Гигс: Англија не сме „ние“

Велшкиот селектор Рајан Гигс ги налути навивачите на својата репрезентација, откако како гостин-коментатор на „ИТВ“ за мечот Англија-Белгија се обрати кон англиските репрезентативци со заменката „ние“.

Легендата на Манчестер јунајтед, Гигс е роден во Кардиф во 1973 година, но поголемиот дел од младоста ја помина во северна Англија, откако неговото семејство се пресели во Салфорд, предградие на Манчестер кога тој имаше шест години.

Гигс стана селектор на Велс по заминувањето на Крис Колмен, кој не успеа пласманот на Евро 2016 да го заокружи со пласман на Мундијалот во Русија.

Дел од фановите дури сметаат дека оваа „грешка“ мора да резултира во отказ за Гигс.

Scroll to Top