Top Sport

Аднан Јанузај за малку ќе беше англиски репрезентативец

Англија загуби со 1:0 од Белгија во последниот меч по групи на Мундијалот во Русија, а стрелец за „ѓаволите“ беше Аднан Јанузај, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и потенцијален англиски репрезентативец.

Јанузај е роден во Брисел од родители Албанци со потекло од Косово, откако неговиот татко Абедин избега со семејството во 1992 година за да избегне да биде повикан во ЈНА за војната во Босна.

Тој беше „производ“ на младинската школа на Андерлехт, а по импресивните игри во март 2011 година потпиша договор со Манчестер јунајтед на само 16 години. Сер Алекс Фергусон му даде шанса да биде дел од првиот тим во 2012/13, но тој доби малку шанси да стартува. По импресивната сезона 2013/14, тогашниот селектор на Англија, Рој Хоџсон изјави дека внимава на младиот талент и дека е можно тој да биде дел од „албионот“.

Сепак, ова не беше можно под договорот на репрезентациите од Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска) со ФИФА, бидејќи Јанузај ќе мораше да има барем пет години школување во Англија пред својата 18-та година, наместо само пет години престој.

Јанузај потоа беше на „милост“ на менаџерот на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал, по што следуваа слаби партии како позајмен играч со Борусија Дортмунд и Сандерленд, пред 23-годишниот Белгиец да заврши во шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад за само 8.5 милиони фунти.

На „Аноета“, Јанузај конечно беше во првиот состав и беше еден од најдобрите фудбалери на клубот оваа сезона со пет асистенции, по што селекторот Роберто Мартинез реши да му даде шанси во 23-члениот состав на Белгија на Мундијалот во Русија, и тоа на местото Раџа Наинголан, одлука која предизвика многу контроверзи.

Фото: ЕПА

Белгија ја победи Англија и ги избра Јапонците, но и Бразилците!

Scroll to Top