Top Sport

Вембли ќе биде полн за завршницата на ЕУРО 2020

Натпреварите, во нокаут фазата на ЕУРО 2020, на стадионот „Вембли“, ќе се играат пред 90.000 луѓе, објави „Ивнинг Стандард“. СПоред овој извор Британија на 21.јуни ќе ги укине сите мерки против коронавирусот, што ќе овозможи капацитетот на стадионот да биде целосно исполнет.

„Се надеваме дека до 21.јуни ќе имаме полни стадиони и дека ќе му се вратиме на нормалниот живот“, порачале од кабинетот на министерот Оливер Доуден.

На „Вембли“, покрај натпревари во првата фаза, ќе се играат и полу-финалните натпревари, односно големото финале.

Scroll to Top