Top Sport

Венеција по 19 години се врати во Серија А

Венеција ја комплетираше листата на клубови кои наредната сезона ќе играат во Серија А. Претходно од Серија Б пласман во елитата изборија Емполи и Салернитана.

Венеција, во баражот за пласман во Серија А ја победи Читадела. Откако во првиот натпревар „Лагунарите“, победија на теренот на противникот со 1:0, во реваншот во драматичен натпревар изборија нерешен резултат 1:1.

Фудбалерите на Венеција направија вистински подвиг бидејќи во реваншот примија гол во 26.минута, а десет минути подоцн а останаа со играч помалку на теренот.

Откако го издржаа налетот на противникот, в о 93.минута неизмерна радост им донесе Бокалон кој израмни на 1:1.

Венеција последен пат во Серија А беше пред 19 години.

Scroll to Top