Венеција со гол во 92. минута стигна до драматична 4:3 победа над Болоња во меч кој беше одбележан со враќањето на Синиша Михајловиќ на клупата на гостите по вториот престој во болница по борбата со леукемијата.
Српскиот тренер пред мечот изјави дека ќе биде „многу изнервиран“ ако не победат во мечот, а и покрај тоа што направија камбек во второто полувреме, на крајот се помирија со пораз против клубот кому поените му се поважни во борба за опстанокот.
Томас Анри уште во четвртата минута ја донесе Венеција во предност, за во 19. минута да биде 2:0 откако Софијан Кијине по неуспешниот пенал ја уфрли топката во голот на гостите. Болоња се врати во живот во финишот на полувремето, кога Рикардо Орсолини намали на 2:1, за во второто да направат пресврт – Марко Арнаутовиќ израмни во 55. минута, пред Јерди Шоутен во 68. минута да донесе 2:3 водство за гостите. Сепак, Венеција израмни во 78. минута кога беше досуден пенал, а Матија Араму беше прецизен, за Денис Јонсен во 92. минута да ги донесе трите поени за домаќините.
Со трите поени Венеција ги заддржа теоретските шанси за опстанок, иако уште се последни со 25 поени, четири зад Салернитана на последното „безбедно“ место – Венеција има уште два меча до крајот на сезоната, а Салернитана уште три.