Top Sport

Венгер: Арсенал повторно ќе се бори за титулата во Премиерлигата

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, зборуваше за изгледите на лондончани повторно да се борат за трофејот во Премиерлигата во сезоната 2023/24.

„Чувствувам дека на Микел Артета му оди добро, тој носи правилни одлуки и има организиран тим кој може да се бори за шампионската титула. Се боревме за врвот во минатиот шампионат и сега можеме уште повеќе да го подигнеме нивото. Последната сезона на осум кола до крајот, чувствував дека ќе го направиме тоа. Сега добро го засиливме тимот со вложување многу пари. Ги имаме сите потребни предуслови да се бориме за титулата“, изјави Венгер кој беше специјален гостин на клубот на „Емирати куп“.

Францускиот стратег беше менаџер на клубот од северен Лондон од 1996 до 2018 година. Под негово водство „топчиите“ трипати станаа шампиони на Англија и седум пати го освоија ФА Купот.

Арсенал последен пат ја освои титулата во Премиерлигата во 2004 година.

На крајот од сезоната 2022/23, „топчиите“ завршија на второто место во конечниот поредок со 84 бода, а шампион стана Манчестер Сити.

 

Scroll to Top