Арсен Венгер, човекот кој ги предводеше Арсенал од 1996 до 2018 година, смета дека „топчиите“ оваа сезона се вториот најдобар тим во Англија зад Манчестер сити, верувајќи дека е возможно да се освои Премиерлигата доколку тимот на Пеп Гвардиола се фокусира на Лигата на шампионите.
Арсенал се на првото место на табелата со 21 поен, еден поен пред Сити по нивната 6:3 победа над Манчестер јунајтед, подгревајќи ги надежите на навивачите за прва титул од 2003/04. Венгер, вторпат во една недела вели дека верува во тимот на Микел Артета.
„Лично, би ги поставил само зад Сити. Но, и вториот најдобар тим во лигата има шанса за титулата. Манчестер сити во одреден дел од сезоната ќе се фокусираат на Лигата на шампиони. Не ја знаеме вистинската форма на Ливерпул, но тие веќе заостануваат 11 поени. Да си 10 поени зад Сити е како да треба да искачиш планина. Челси не изгледаат постојано во моментов и не верувам дека ја имаат самодовербата. Тотенхем… Според мојат ДНК, тоа нема да го коментирам“, вели Венгер.
Arsene Wenger believes Arsenal are second favourites to win the league, Liverpool and Chelsea too inconsistent and
“Tottenham by my DNA I cannot believe they will.”pic.twitter.com/8Pb2yi7GMi
— Gilles ????????? (@_Grimanditweets) October 2, 2022