Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер (72) верува дека неговиот поранешен клуб оваа сезона може да ја освои Премиер лигата. По седум кола во Премиер лигата, лондонските „топџии“ се на врвот на табелата со 18 бодови, еден повеќе од Манчестер сити и Тотенхем.
„Би рекол дека Арсенал има добри шанси да ја освои Премиер лигата оваа сезона. Не гледам јасен доминантен тим оваа сезона. Мислам дека ова е навистина добра можност за Арсенал. Секако, ова е посебна сезона, бидејќи ќе биде прекината поради Мундијалот, а не се знае колку тоа ќе се одрази на перформансите на играчите и тимовите. Генерално, верувам дека многу работи можат да се случат оваа сезона“, изјави Арсен Венгер за англиските медиуми.
Легендарниот Французин беше тренер на Арсенал од 1996 до 2018 година, водејќи ги „топчиите“ до три титули во Премиер лигата, како и до седум трофеи од ФА Купот и „Черити Шилд“.
Премиер лигата продолжува по репрезентативната пауза. Екипата на Арсенал во деветтото коло го очекува големото дерби на северен Лондон против Тотенхем.