Top Sport

„Версаче“ го направи најскапиот фудбалски дрес

Долго време фудбалот е спорт во кој главната улога ја имаат парите. Трансферите, платите на играчите, цените на влезниците мнгукратно се зголемија во однос од пред една деценија.

Дека во фудбалот се вртата големи пари го чувствуваат и во модната индустрија. Првиот чекор го направи познатиот италијански бренд „Версаче“, откако на пазарот го пласира својот прв модел на фудбалски дрес.

Станува збор за дрес во бела боја, со тенки вертикални, црни линии, украсен со златни и црвени амблеми.

Доколку „ви фати“ окото треба да знаете дека дресот не е ефтин. Истиот се продава по цена од 695 долари, односно 585 евра.

За споредба, оригиналните дресови на „Адидас“ и „Најки“ се продаваат по цена помеѓу 90 и 165 евра.

Scroll to Top