Top Sport

Венгер е на страната на Манчестер сити

Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал, застана на страната на Манчестер сити кој се соочува со 115 обвинувања за кршење на правилата на финансискиот фер-плеј ФФП.

Англискиот шампион е обвинет за кршење на ФФП од 2009 до 2018 година, а се очекува во наредните месеци ќе биде познато што ќе се случи со „граѓаните“.

Венгер, кој имаше големи успеси како менаџер на Арсенал, смета дека правилата во Премиер лигата мора да се сменат.

„Чувствувам дека Премиер лигата мора да го смени правилата за ФФП. Сега имаат силна конкуренција во другите првенства кои ги сменија своите правила. Не можете да верувате дека клуб како Манчестер сити е обвинет за 115 различни работи во фудбалот. Не верувам во тоа. Премиер лигата веќе го загуби првиот случај против Сити. Не сакам да судам. Мислам дека дека 115 обвинување против фудбалски клуб делуваат дека сме во меѓународна администрација“, вели Венгер.

Тој смета дека е крајно време да се направи нешто за промена на правилата.

„Правилата на ФФП треба да се променат и поедностават. Лидерите на Сити пристигнаа и тие не се соочија со правила за ФФП, ниту со нив се соочија челниците на Челзи. Да, Челзи купи играчи од мојот Арсенал, тие купуваа она што го сакаа бидејќи тогаш немаше немаше правила за ФФП “, изјави Венгер.

Scroll to Top