Top Sport

Венгер ги нарекол Баерн лажговци

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, решително ги негирал тврдењата на менаџментот на Баерн Минхен дека преговарале околу неговиот ангажман. „Билд“ во четвртокот објави дека Венгер го контактирал претседателот на Управниот одбор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге за да се информирал околу условите за работа. Баерн наводно решиле дека 70 годишникот не е опција за наследник на Нико Ковач.

Изненаден од ваквите написи Венгер рекол дека Румениге контактирал со него.

„Оваа приказна е изненадувачка“, рекол Венгер и дополнил.

„Тој ме побара, но не бев во можност да му се јавам. Од опта култура подоцна му се јавив, разговаравме најмногу четири-пет минути. Му реков дека не сум размислувал на таа тема и дека ми е потребно време. Заедно решивме да се слушнеме наредната недела, тоа е вистинската приказна“.

Баерн во неделата го смени Нико Ковач по поразот од Ајнтрахт (5:1). Привремен тренер е Ханзи Флик поранешен асистент на Јоаким Лев. Тој ќе го предводи Баерн денес во дербито против Борусија Дортмунд.

Scroll to Top