Top Sport

Јокиќ и Богдановиќ со звукот на сирената, трипл-дабл за Дончиќ (Видео)

Брилијантна ноќ имаа кошаркарите од Балканот во НБА лигата. Никола Јокич и Бојан Богдановиќ постигнаа победнички поени во последните секунди, Лука Дончиќ постигна рекорден број на поени во кариерата и забележа нов трипл-дабл, Богдан Богдановиќ постигна пет тројки, Никола Вучевиќ респектабилен дабл-дабл.

Во драматичен меч, во кој имаа негатива и од 20 поени, Денвер Нагетс славеа против Филалделфија 100.97. Никола Јокиќ ги постигна последните поени за триумф на Денвер. Српскиот центар мечот го заврши со 26 поени, десет скока и шест аситенции.

Хрватот Богдановиќ со звукот на сирената погоди тројка со која Јута Џез ги победи Милвоки Бакс 103:100. Богдановиќ мечот го заврши со 33 поени, три повеќе од Јанис Адетокумпо (33 поени и 13 скока).

Сакраменто Кингс славеа во дуелот со Атланта Хокс 121:109. Србинот Богдановиќ погоди пет тројки, а мечот го заврши со 20 поени, еден помалку постигна неговиот сонародник Немања Бјелица.

Далас Маверикс забележаа непланиран пораз од Њујорк Никс 102:106. Блескаше повторно Лука Дончиќ со трипл-дабл и рекорден број на поени (38 поени, 14 скока, 10 асистенции).

Луд натпревар одиграа Минесота и Голден стејт. Победи Минесота по продолжението 125:119. Ендрју Вигинс постигна 40 поени за Минесота, а на спортивната страна Дианџело
Расел забележа 52 коша.

Бруклин славеа над Портланд 119:115. Спензер Динвиди уфрли 34, а Кајри Ирвинг 33 поени. Кај Портланд доминираше Демијан Лилард со 60 поени.

ЛА Лејкерс предводени од Ентони Дејвис (26 поени) и Леброн Џејмс (25 поени) славеа над Мајами 95:80.

Scroll to Top