Top Sport

Венгер: Го одбив Реал Мадрид два-три пати

Бидејќи бил посветен на долгорочниот проект во Арсенал, Арсен Венгер ги одбил понудите од Реал Мадрид и од англиската репрезентација „два-три пати“ во својата долга кариера.

Венгер замина од Арсенал по 22 години на чело на „топчиите“, и уште не дал знак каде и како ќе ја продолжи кариерата, но 68-годишниот Французин планира да остане во фудбалот, но не во Англија.

„Кога го градевме новиот стадион банките ме прашаа дали сакам да се обврзам на петгодишен договор, и Реал Мадрид се јавија со интерес, но не можев да го предадам мојот клуб. Реал Мадрид го одбив два-три пати. Тоа е еден од тимовите кои ги сакав како дете, но мислев дека времето е пречувствително за Арсенал. Кој не би бил предизвикан да оди во Реал Мадрид. Но, одбив повеќе тимови отколку што мислите. Бев среќен таму каде сум“, вели Венгер.

Тој вели дека и Фудбалската асоцијација неколку пати го убедувала да ја преземе контролата на англиската репрезентација.

„Многу пати кажав дека Англичанец треба да ја предводи англиската репрезентација. Англија е голема фудбалска земја и има доволно квалитетни менаџери за јас да се мешам таму“, додава Венгер за „Би-Ин“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top