Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е обвинет за непочитување на судијата Мајкл Дин по неговите коментари при 1:1 ремито со Вест Бром во неделата.
Мечот во кој го прослави рекордниот 811. натпревар на клупата на Арсенал, рушејќи го рекордот на Сер Алекс Фергусон, заврши неславно, откако Дин контроверзно досуди пенал во последната минута за ВБА.
Фудбалската асоцијација (ФА) тврди дека однесувањето на Венгер во соблекувалната на судијата било навредувачко. Венгер има до петок да одговори на обвиненијата.
Рекордот на Венгер „зачинет“ со контроверзен пенал и реми (видео)