Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, рекол дека Мохамед Салах со право бара од Ливерпул неделна плата од 400.000 фунти. Венгер смета дека Салах е еден од најдобрите играчи во светот, кој во континуитет игра во врвна форма.
„Тој бара 400.000 фунти? Видите секоја ситуација во фудбалот е различна. Морате да го погледнете неговиот медицински картон и да погледнете уште неколку други работи. Тој речиси никогаш не бил повреден, игра во континуитет, неговата форма е одлична. Доколку забележувате дека не игра на највисоко ниво, тогаш сигурно нема да му ги дадете тие пари, но тој и понатаму е неверојатен“, рекол Венгер и дополнил.
„Тој е некаков микс на Меси и Роналдо. Од почетокот на сезоната до Африканскиот куп беше најдобар играч во светот. За таков играч треба да направите се за да го задржите во тимот. Истото го мислам и за Мане. Не сакате да останете без такви фудбалери, бидејќи тие во Ливерпул станаа вистински ѕвезди и сега се дел од клупската историја“.
Ливерпул за Мохамед Салах, во 2017 година, на Рома и платија 42.000.000 евра. Досега одиграл 238 натпревар за клубот од „Енфилд“, постигнал 153 гола и забележал 57 асистенции.