Top Sport

Венгер не знае дали е подготвен за нов клуб

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер признава дека не знае што ќе прави во иднина, иако претходно изјавуваше дека сака да се врати на менаџерската работа.

Французинот си замина од Лондон по 22 години на чело на „топчиите“, по што се појавија шпекулации за неколку отворени позиции, од кои една е спортски директор на францускиот гигант Пари Сен-Жермен. Венгер сега не е сигурен.

„Дали уште ја имам желбата да бидам тренер? Тоа е прашање на кое морам да најдам одговор во следните две недели. Имам желба да бидам тренер, но не знам дали имам желба да почнам некој луд предизвик. Ова е работа која бара апсолутна посветеност. Сега првпат морам да погледнам од дистанца и да видам колку ми недостасува тоа“, вели Венгер во интервју за програмот „Телефут“ на „ТФ1“.

Венгер почна со тренерската кариера со Нанси во 1984, каде што остана три години, пред да помине седум сезони во Монако. По кратката пауза, тој изненади сите кога замина во Јапонија, во тимот на Нагоја грампус ејт, пред во 1996 година да отиде во Арсенал, со кои освои три титули од Премиер лигата и седум во ФА купот, а играше и финале на ЛШ во 2006 година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top