Top Sport

Венгер открива – се воведува автоматизиран офсајд!

Доаѓаат нови промени во фудбалот, и тоа баш на наредното СП во Катар идната година.

„Сигнализацијата на офсајд од наредната година ќе биде автоматизирана“ најави Арсен Венгер.

Легендата на Арсенал кој сега работи како шеф за развој во ФИФА најавува промена на правилата. Засега тој не открива како сето тоа ќе биде изведено од технички аспект.

„Постојат добри шанси офсајдот да биде автоматизиран во 2022 година. Јас сум должен да чувам тајна, но тоа ќе биде следниот голем напредок во судењето во фудбалот“ рече Венгер.

Французинот сугерира дека технологијата уште повеќе може да го преземе донесувањето на одлуките.

ФИФА минатата година објави дека планира да развие полуавтоматизирана технологија за сигнализација на офсајд.

Очекувањата се дека со промените на офсајд правилата би можело да доведе до постигнување на поголем број голови.

Scroll to Top