Иако беше на клупата на Арсенал дури 22 години, Арсен Венгер признава дека во тој период клубот од северен Лондон пораснал во „нехумана“ големина и додава дека чувствува дека клубот „му се лизнал од раце“.
„Топчиите“ повторно се во криза, откако го отпуштија заменикот на Венгер, Унаи Емери по година и пол, а исто така тие решија да се разделат со шефот на медицинскиот тим, Колин Луин, кој беше дури 23 години во клубот.
„Овие денови, големината на клубовите понекогаш придонесува да се загуби културата на добри перформанси. Кога пристигнав во Арсенал имаше 80 вработени, а кога заминав имаше 750. Кога има 750 луѓе во една организација, секој мисли да си го спаси својот живот наместо да биде подобар. Како да се заддржи тоа ниво на желби за перформанси. До 150 луѓе, мислам дека уште е хумано, ги знаете имињата на децата, на сопругата и такви работи. Навистина ми е жал што Арсенал порасна од хуман во нехуман клуб, со многу администрација. Пред 10 години ќе видевте некој кој е добар, ќе го добиевте, ќе му дадевте дрес и тоа е тоа. Сега, ако ви треба нов физиотерапевт мора да поминете преку 300 апликации. Така, Арсенал, малку по малку, го испуштив од раце“, вели Венгер.