Top Sport

Ефес првпат го победи Фенер на гости во Евролигата! (видео)

Крунослав Симон постигна 22 поени, имаше 9 скока и додаде четири пати за Анадолу Ефес да го добие истанбулското дерби во Евролигата со 81:73, првпат со победа на гости во европската елита.

Симон исто така имаше клучна улога кога во финишот на мечот постигна положување и заработи фаул за 67:76 водство на 80 секунди пред крајот. Претходно, Фенербахче направија 11:0 серија за неколку минути за да се вратат од -17 поени негатива, кога Костас Слукас со тројка ги доближи на 67:73.

Шејн Ларкин постигна поени за да стигне до бројот 20 (сите во второто полувреме), пред Симон да ја презеде контролата на на мечот. Тимот на Ергин Атаман остаснува прв на табелата со фантастичен 11-2 скор по седмата победа едноподруго, додека Фенер има слаби 5-8.

ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО

Химки – Алба Берлин 104:87 (23:32, 31:19, 23:12, 27:24)

Фенербахче – Анадолу Ефес 73:81 (22:20, 16:18, 11:21, 24:22)

Црвена звезда – Басконија 64:72 (14:20, 17:12, 12:24, 21:16)

Scroll to Top