Top Sport

Венгер сака пак да се врати на тренерската клупа

Поранешниот тренер на лондонски Арсенал, францускиот стратег Арсен Венгер изјави дека повторно би сакал да и се врати на активната тренерска работа.

„Не се согласувам со фактот дека никогаш повеќе не можам да бидам тренер. Отворен сум за предлози. Сакам уште еднаш да ги почувствувам овие емоции на натпреварите“ – изјави Венгер за „Скај спортс“.

Седумдесетгодишниот Французин беше дел од клубот од Лондон од 1996 до 2018 година.

Под водство на Венгер, Арсенал трипати го освои шампионатот на Англија, седумпати победи во ФА купот, а исто толку пати го крена трофејот и во Супер купот.

Scroll to Top