Top Sport

Суарез: Нејмар направи се, само да се врати во Барса

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез изјави дека Нејмар направил сè што може за да се врати на „Камп Ноу“ ова лето.

Двајцата екс-соиграчи се пријатели дури и покрај тоа што Бразилецот отиде во ПСЖ во 2017 година. Суарез, Нејмар и Лионел Меси имаат заеднички чат на „ВатсАп“.

„Да, комунициравме таму од време на време, но не толку многу во последно време. Почнавме малку почесто сега затоа што работите веќе се смирија. Беше тешко затоа што Нејмар минуваше низ тежок период, затоа сакавме да го почитуваме неговиот личен простор. Разговаравме со Нејмар кога тој на почетокот сакаше да ја напушти Барселона. Сите знаевме дека сака да си замине. Јас и Лео му рековме дека тука секогаш ќе освојува и тимски и индивидуални трофеи. Сепак, тој ја донесе својата одлука. Во тој момент, тој го одбра она што е најдобро за него. Сега неговата одлука беше да се обиде и да стори сé што може за да се врати“ – рече Суарез за „Фокс спортс“.

Уригваецот повтори дека има многу посебен однос со Меси на теренот, а изјави и дека Французинот Антоан Гризман бил примен на најдобар можен начин од играчите на Барселона.

Scroll to Top