Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер го спореди напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах со Лионел Меси, нарекувајќи го „комплетен фудбалер“.
Салах го намести првиот гол на Наби Кеита при 2:1 победата над Монтереј во полуфиналето од Светското клупско првенство, со што има 13 гола и 7 асистенции во 23 меча низ сите натпреварувања за „црвените“ и Венгер е импресиониран од способноста на Египќанецот да постигнува голови и да ги „мести“.
„Ми се допаѓа неговата еволуција, бидејќи во мечот со Монтереј имаше знаци дека знае да игра и како плејмејкер. Креира шанси во шестнаесетникот и наликуваше на Меси, човек кој може да даде многу голови, но и што знае да игра креативно. Тоа е комплетен фудбалер, нешто што сите го почитуваме кај фудбалерите и го бараме од нив“, вели Венгер.