Top Sport

Венгер вели дека Арсенал под Артета има „огромен“ потенцијал

Арсен Венгер, кој помина 22 години како менаџер на Арсенал, вели дека сегашниот состав на „топчиите“ има голем потенцијал и дека има целосна поддршка во Микел Артета и неговиот тренерски тим.

Разочарувачкото отварање на сезоната донесе три порази во низа (без постигнат гол), иако клубот потроши рекордни 145 милиони фунти, пред овој викенд, конечно, да го совладаат Норич со 1:0. Артета подолго време е под притисок, и Венгер, кој беше во клубот од 1996 до 2018 година вели дека ништо не е загубено.

„Прво, јас секогаш го кажувам тоа што го мислам, и верувам во овој тим и останувам фан на Арсенал. Знам дека сега формата на тимот е чувствителна тема, но гледам дека тимот е полн со квалитет. Не сум песимистички расположен, бидејќи два од првите три меча им беа многу тешки – Челси дома и Манчестер сити на гости. Лошиот резултат беше тој на отварањето против Брентфорд и затоа почнаа критиките. Мислам дека ќе се опорават и имаат огромен потенцијал“, изјави Венгер.

Scroll to Top