Top Sport

Венгер верува дека Арсенал ќе се шампиони оваа сезона

Долгогодишниот поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека „топчиите“ оваа сезона реално можат до титулата во Премиерлигата, бидејќи нема противници кои „доминираат“.

Тимот на Микел Артета во моментов е на првото место на табелата во Премиерлигата со шест победи во првите седум кола, и Венгер смета дека имаат добри шанси да останат таму до крајот на сезоната.

„Би кажал дека имаат добра шанса за лигата оваа сезона бидејќи не гледам некој тим кој е супер-доминантен, така што ова е совршена шанса за нив Секако, сезоната ќе биде малку посебна поради паузата поради Светското првенство и ќе видиме колку тоа ќе влијае на фудбалерите и на тимската игра. Но, мислам дека имаат многу добра шанса оваа сезона“, вели Венгер за „Скај спортс“.

Венгер беше последниот менаџер кој ги предводеше Арсенал до титула од Премиерлигата, со славните „непобедливи“ во 2003/04. Во моментов последниот топ 4 пласман на Арсенал беше во сезоната 2015/16.

Scroll to Top