Top Sport

Азар признава дека е исфрустриран во Реал: Сакам да играм!

Еден Азар имаше голем проблем со повредите по преселбата во Реал Мадрид, но сега признава дека е исфрустриран од малата минутажа која ја добива под Каро Анчелоти. Тој има само еден старт од февруари 2022, кога доби шанса да игра против Мајорка, но оттогаш Анчелоти го остава на клупата.

„Имаше тешки времиња бидејќи сакам да играм, а не играм. Се чувствувам добро во Реал Мадрид, но играм многу малку. И кога ќе излезам на теренот се чувствувам добро. Ситуацијата е компликувана, но јасно е дека сакам да играм повеќе“, вели Азар за „РТЛ“.

Откако импресионираше против Селтик во Лигата на шампионите, мечот со Мајорка не беше најдобар за Белгиецот, кој сега се наоѓа пред тешка задача да го смени Винисиус Жуниор во првиот тим на „кралевите“.

Scroll to Top