Џампјеро Вентура, поранешниот италијански селектор кој не успеа да ги однесе „аѕурите“ на СП во Русија, си заминува од позицијата тренер на Киево по само четири меча.
70-годишниот Вентура ја понудил оставката по ремито со Болоња во текот на викендот, но од клубот се обидоа да го убедат да остане. Легендата на Киево, Серџо Пелесиер влезе во остар напад на Вентура по мечот, велејќи дека фудбалерите едноставно не сакаат да играат под него, и денеска тој заминува, точно една година по неуспехот на Италија во баражот за СП во Русија против Шведска.
Киево го поставија Доменико ди Карло како нов тренер, и 54-годишниот Италијанец се враќа на клупата на „летечките магариња“ откако претходно двапати успеа да ги спаси од испаѓање од 2008 до 2010 година.
Фото: ЕПА