Неверојатна сцена го обележа почетокот на натпреварот во првенството на Мексико помеѓу Веракруз и Тигрес.
Во знак на протест поради неисплатените плати во првите минути воопшто не се играл фудбал, фудбалерите стоеле на теренот.
Откако поминала првата минута играчите на Веракруз и понатаму одбивале да играат, очекувале дека и противниците ќе го сторат истото, меѓутоа Тигрес преку Варгас и Жињак во третата и петтата минута постигнале два гола. Веќе во осмата минута Варгас со својот втор гол зголемил на 0:3.
Во финишот на мечот поранешниот фудбалер на неколку англиски екипи и Бешикташ Казим-Ричардс ги поставил конечните 1:3.