Top Sport

Верати не сфаќа зошто фановите на ПСЖ не ја слават титулата

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Марко Верати признава дека бил непријатно изненаден од свирежите кои неговиот тим ги доби по потврдата на титулата во француската Лига 1 во саботата.

Ремито 1:1 со Ленс беше доволно да се потврди трофејот на четири меча пред крајот, за осма лигашка титула во последните десет години, но наместо со славје беа пречекани со свирежи на „Паркот на принцовите“, откако главната цел, Лигата на шампионите остана недостижна по колапсот против Реал Мадрид.

„Навивачите што не прославуваа? Тоа навистина не го разбирам. Ова е фудбал, понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Ние сме обични луѓе, можеме да потфрлиме. Но, 10. титула за ПСЖ е важен успех. Прекрасен. Секој фудбалер сонува за вакво нешто. Никогаш не е лесно да си шампион. Не ја освоивме Лигата на шампионите, но има само еден клуб кој победува секоја година. Фановите треба да знаат дека сите го даваат максимумот“, вели Верати.

Scroll to Top