Top Sport

Гобер го уништи камбекот на Дончиќ, нов „потоп“ на Бруклин нетс

Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас маверикс, но неговите 30 поени и 10 скока не беа доволни за победа, откако Руди Гобер во драматична завршница донесе 100:99 победа за Јута џез за израмнување на плејоф-серијата на 2:2, додека Бруклин нетс се пред елиминација, откако загубија со 109:103 од Бостон селтикс.

Јута имаа одлично прво полувреме, но Дончиќ го инспирираше Далас за камбек за 81:78 предност пред последната четвртина. Тогаш на 11 секунди пред крајот Гобер поентираше, а во последниот напад, Спенсер Динвиди утна Маверикс за израмнување на серијата. Кај Јута, Џордан Кларксон заврши со 25 поени, 23 уфрли Донован Мичел, а Гобер заврши со 17 поени и 15 скока.

Бруклин нетс, пак, се пред елиминација, откако го загубија и првиот домашен меч со Селтикс. Кевин Дурент и Кајри Ирвинг имаа по 16 поени за Бруклин, но Бостон го имаа расположениот Џејсон Тејтум, кој заврши со 39 поени.

Израмнето е и меѓу Минесота тимбервулфс и Мемфис гризлис, откако Минесота стигна до 119:118 победа, предводени од Карл-Ентони Таунз со 33 поени и 14 скока и Ентони Едвардс со 24 поени.

Scroll to Top