Top Sport

Верати одбил да игра за Италија против Македонија и Украина

Францускиот „Л’екип“ тврди дека Марко Верати го одбил повикот на италијанскиот селектор Лучано Спалети за мечевите против Македонија и Украина бидејќи бил фокусиран да го комплетира трансферот од Пари Сен-Жермен.

Фудбалерот од средниот ред е пред трансфер во катарскиот Ал-Араби, откако доби порака од тренерот на ПСЖ, Луис Енрике дека „нема да игра“ додека тој е тренер и беше изоставен од листата на играчи за Лигата на шампиони.

Спалети претходно изјави дека Верати и Жоржињо не се повикани поради тоа што немаат голем минутажа на стартот на сезоната.

„Сезоната смао што почна, така што не играат сите постојано. Поради тоа, не ги повикав Верати и Жоргињо“, изјави Спалети на 2 септември.

Scroll to Top