Top Sport

Верати се договори со Ал-Араби

Италијанскиот фудбалер од средниот ред, Марко Верати се договорил со катарскиот клуб Ал-Араби, кој ќе плати 45 милиони евра за неговиот трансфер откако тренерот Луис Енрике му порача дека „никогаш нема да заигра со него како тренер“.

30-годишниот Верати минатиот декември потпиша продолжување на договорот со ПСЖ до 2026 година, но не се најде во плановите на Енрике и подолго време преговара со катарсиот Ал-Араби.

Верати пристигна во ПСЖ од италијанскиот второлигаш Пескара во 2012 година и во 11 години во француската престолнина одигра 416 натпревари и освои 30 трофеи. Тој ќе биде последниот од низата големи имиња кои заминуваат од „Паркот на принцовите“ по Нејмар и Лионел Меси.

Scroll to Top