Top Sport

Србите виновникот за поразот во финалето го најдоа во судиското трио

По поразот во финалето на Мундобаскетот од Германија, српските медиуми виновникот го најдоа во судиското трио, Роберто Васкез (Порторико), Омар Бермудес (Мексико) и Гатис Салинс (Летонија). Тие исто така ја обвинуваат и ФИБА зошто делегирала неискусни и „лоши“ судии, кои имале „катастрофално“ судење во финалето.

Тие првично посочуваат на двата непостоечки фаули на Аврамовиќ на Даниел Шредер, по што Германците директно добија пет поени, и додаваат дека српските кошаркари непотребно влегуваа во расправија со нив. Најголема забелешка е обидот на Шредер за тројка и дуелот со Аврамовиќ, по кој фаул доби Германецот. Спорна е и блокадата на Бонга над Милутинов во третата четвртина, кога се „кршеше“ резултатот.

Scroll to Top