Top Sport

Верати завршил в полиција, возел „камен“ пијан

Марко Верати, ѕвездата на ПСЖ, под дејство на алкохол го управувал својот автомобил, поради што бил приведен од страна на полицијата.

Во средата, во раните утрински часови, полициска патрола го сопрела Верати, а контролата открила дека имал двојно повеќе алкохол во крвта од дозволеното. Италијанецот завршил во „собата за трезнење“, а откако се истрезнил бил пуштен.

ПСЖ се уште не се огласил по повод овој случај, а Верати не сакал да разговара со медиумите на оваа тема.

Сигурно е само дека Верати ќе биде драстично казнет и полицијата и од клубот.

Scroll to Top