Top Sport

Бендтнер доби 50 дена затвор за нападот над таксист

„Легендарниот“ дански напаѓач, Никлас Бендтнер беше осуден за напад над таксист во Копенхаген и доби казна од 50 дена затвор, објави судот во данската престолнина во петокот.

30-годишниот Бендтнер, кој доби прекар „Лорд Бендтнер“ додека беше фудбалер на Арсенал, сега игра за Розенборг во Норвешка и неговиот адвокат најави жалба на одлуката. Според локалните медиуми, при инцидентот на 9 септември пред Националната банка на Данска во Копенхаген, Бендтнер толку силно го удрил таксистот што тој имал скршена вилица. Тој веднаш го пријавил во полиција.

Таксистот пак, е обвинет за фрлање со непознат објект кон Бендтнер и неговата девојка, иако не ги погодил. Бендтнер минатиот месец се извини за инцидентот.

„Бев вклучен во несреќна епизода. Не можев да замислам дека ќе се одвива како што се одвиваше и не сум задоволен од исходот. Жалам за тоа што се случи“, изјави Бендтнер.

Бендтнер му скршил вилица на таксист во Копенхаген!

Scroll to Top