Top Sport

Заеднички рекорди на Меси и Роналдо

Меѓу овие двајца владее големо ривалство во светот на колективните спортови. Ривалството настана по заслуга на нивните фанови, медиумите…Тврдат дека меѓу нив не постои ривалство туку само респект кон другиот. Што и да тврдат јасно е дека ионел Меси и Кристијано Роналдо се меѓу најдобрите во историјата на фудбалот.

Меси и Роналдо доминираат во изминатата деценија поставија рекорди што ќе бидат тешко достижни за идните генерации.

Интересно постојат рекорди што им припаѓаат на двајцата.

1. Најмногу хет-трикови во една сезона во Ла Лига

Меси, во веројатно за него најуспешната сезона 2011/2012 забележал осум хет-трикови. Претходно ниту еден играч во шпанското првенство не успеал да направи таков подвиг. Сезоната ја заврши со 50 голови во лигата. Три сезони подоцна (2014/2015) подвигот на Меси го повтори Роналдо. Португалецот таа сезона постигна осум хет-трика.

2. Најмногу избори во идеалниот тим на ФИФпро

Меѓународното здружение на професионалните фудбалери од 2005 година го избора идеалниот тим на крајот од секоја година. Меси и Роналдо 13 пати биле избрани во идеалниот тим.

Првиот пат кога беа заедно избрани, во 2007 година, Меси бил избран како напаѓач, а Роналдо како фудбалер од редот за врска.

3. Најмногу хет-трикови во Лигата на шампионите.

Лигата на шампионите е натпреварување кое најдобро ја прикажува доминацијата на овие двајца. Осум пати во досегашните кариери постигнале три гола на меч од Лигата на шампионите. Од активните играчи најблиску до нив е Роберт Левандовски.

4. Најмногу номинации за Златна топка

Во најтесниот круг за оваа престижна награда биле 13 пати, прв пат биле во конкуренција во 2007 одина. Роналдо не бил во изборот во 2010 година, а Меси во 2018 година.

Меси освоил една Златна топка повеќе од Роналдо, води со 6:5.

Scroll to Top