Top Sport

Вербално нападнати судиите по натпреварот Елче-Бетис

Натпреварот меѓу Елче и Бетис крена голема прашина во Шпанија, поради тоа што се случуваше за време и по натпреварот.

Домашната екипа, последнa на табелата цо Примера водеше со 2:0 по првиот дел. Во вториот играчите на Елче добија два црвени картони, а Бетис три пенали, два реализираше и славеше со 2:3.

Црвените картони и пеналите за противничкиот тим ги изнервираа челниците на Елче, кои вината за поразот ја најдоа кај судијата Иглесијас Вилануева и неговите помошници.

Во својот извештај, делегатот вклучи сериозни навреди од страна на челниците на Елче кон судијата.

Особено груб беше Кристијан Брагарник, еден од сопствениците на клубот.

„Кога влеговме во тунелот по натпреварот, тој отиде му пријде на еден од моите помошници и му рече: „Вие сте никаквеци, кучкини синови“. Полицијата мораше да го смири. Потоа ни се обрати на сите: „Вие нема да замине одовде“, рече главниот судија на оваа средба.

Сега на ред е Дисциплинската комисија на Ла Лига.

Scroll to Top