Top Sport

Вердер не успеа да направи предност против Хајденхајм во битката за опстанок (видео)

Четирикратниот германски шампион Вердер Бремен не успеа да направи предност по првиот меч од баражот за опстанок во Бундеслигата, откако одигра само 0:0 со Хајденхајм, тимот кој сега дома ќе брка првиот пласман во германската елита во историјата на клубот.

Хајденхајм беше атракција во втората Бундеслига оваа сезона, обезбедувајќи го третото место во драматичните последни две кола во кои Хамбургер „имплодираше“ и двапати загуби. Арминија Билефелд и Штутгарт веќе се во Бундеслигата.

Домаќините имаа повеќе шанси во текот на мечот, но во финишот Хајденхајм се закани двапати и сега во понеделник на својот стадион ќе брка историја.

Scroll to Top