Top Sport

Вердер признаа дека летале дрон над тренингот на Хофенхајм!

Генералниот менаџер на Вердер Бремен, Франк Бауман призна дека неговиот клуб организирал летање на дрон над тренинг-терените на Хофенхајм во вторникот пред нивниот дуел во Бундеслигата, кој заврши 1:1.

Од Хофенхајм ја известија полицијата дека има објект над нивниот тренинг-центар при последниот тренинг пред мечот во средата. Во Германија, летање на дрон над група луѓе е забрането и германските медиуми тврдеа дека ова е направено по барање на скаутот на Вердер.

Бауман призна дека Вердер го направиле тоа со согласност со тренерот Флоријан Кофелд и аналитичарите на клубот, но вели дека не направиле ништо нелегално.

„Вердер Бремен накратко донесе дрон во текот на тренинготн а ТСГ Хофенхајм. Ова беше направено по разговорот на генералниот директор Бауман, тренерот Кофелд и вработените во аналитичкиот центар“, се вели во соопштението на Вердер.

На прес-конференција, Бауман ја презеде целата одговорност.

„Тоа беше разговор кој го направивме внатре во тимот и јас ја преземам целосната одговорност. Би сакале да се извиниме ако предизвикавме непријатност. Дронот леташе кратко, не беше над теренот каде што тие тренираа и немаше закана. Мислам дека сѐ е е решено со луѓето од Хофенхајм. Не направивме ништо нелегално“, вели Бауман.

Scroll to Top