Top Sport

УЕФА го казни Вардар со 100.000 евра и му се закани со исфрлање од Европа!

Вардар, заедно со Левски Софија и Спортинг Лисабон добија казни од УЕФА за прекршување на финансискиот-фер плеј (ФФП), и доби закана за исфрлање од европските натпреварувања.

Вардар мора да докаже до 31 јануари 2019 година дека ги исплатило сите плати на фудбалерите и сите сметки до 30 септември 2018 година, а покрај тоа доби казна од 100.000 евра. Доколку ова не се направи, на Вардар му се забранува учество во европските натпреварувања за кои ќе се квалификува во следните две сезони.

Случајот со бугарски Левски е идентичен – и тие треба да докажат дека ги исплатиле сите побарувања до 30 септември 2018 и добија казна од 100.000 евра, додека Спортинг е казнет со 50.000 евра за задоцнето плаќање на фудбалерите.

Фото: ЕПА

Scroll to Top