Тимо Вернер смета дека системот на игра на Томас Тухел во Челси не му одговарал, посочувајќи дека „веќе не било забавно“ при крајот на неговиот престој во Лондон, откако на 9 август се врати во својот поранешен клуб, РБ Лајпциг во договор вреден 30 милиони евра.
Откако блескаше во Германија, тој имаше само 23 гола во 89 меча за Челси, но сепак, со нив ја освои титулата од Лигата на шампионите по победата над Манчестер сити минатата година.
„За мене, фудбалот е забавен кога се игра напред. Секако, имав голем успех во Челси, но на крајот веќе не беше забавно бидејќи не бев стандарден во првиот тим. Мислам дека системот на игра на тренерот не ми одговараше и затоа сакав да направам нов чекор во кариерата. Секако, ќе се сеќавам на успесите со Челси, најголемите во мојата кариера и тоа секогаш ќе биде посебен клуб за мене“, вели Вернер.