Top Sport

Верон се спореди со Санчез: И јас се мачев во Јунајтед, а играв одлично во Италија

Аргентинската фудбалска легенда Хуан Себастијан Верон вели дека гледа огромна сличност меѓу неговата кариера и кариерата на Алексис Санчез, бидејќи двајцата се мачеле со својата игра во Манчестер јунајтед, а играле одлично во Италија.

„Го гледав Санчез како игра во Италија и тој е огромен талент. Лично, имав некои проблеми во Манчестер јунајтед, но бев најдобар во Италија. Верувам дека одредени фудбалери се наоѓаат повеќе во друга лига, и мислам дека истото е и со Алексис Санчез“, вели Верон.

Аргентинецот сега е претседател на аргентинскиот клуб Естудијантес. Тој играше во Сампдорија, Парма, Лацио и Интер во Серија А.

Scroll to Top