Top Sport

Верона изборија пласман во Серија А (Видео)

Екипата на Верона по три годишна пауза повторно ќе игра во италијанската Серија А. Верона бараж двомечот за пласман во елитата против Читадела го доби со вкупен резултат 3:2.

Првиот меч одигран на теренот на Читадела заврши со пораз на Верона 2:0. Во реваншот на „Бентегоди“ стадионот Верона првиот гол го постигнаа во 27 минута преку Закањи.

Жесгока борба донесе вториот дел од натпреварот. Гостите останаа со играч помалку во 62 минута. Пароди доби црвен картон. Седум минути подоцна Ди Кармине погоди за 2:0.

Читадела во 77 минута остана без уште еден фудбалер. Мечот пред време го заврши Проиа.

Верона надмоќта на теренот ја искористија во 83 минута кога Лариби го постави конечниот резултат.

Покрај Верона во Серија А претходно се вратија Бреша и Лече.

Наредната сезона во Серија Б ќе играат Киево, Фросиноне и Емполи.

Scroll to Top