Top Sport

Петручи: Си реков време е да победам

Возачот на Дукати Данило Петручи во Муџело ја забележа првата победа во Мото ГП во кариерата. Во исклучително драматична трка Петручи ги победи Марк Маркез од Репсол Хонда и тимскиот колега Андреа Довициозо.

„Навистина ја посакував оваа победа, а кога ми стана јасно дека имам можност да го наметнам својот ритам во водечката група си помислив дека сега е вистинското време да победа. Со обидував да ја контролирам трката“, рекол Петручи кој во 124 трка во Мото ГП ја забележа првата победа.

Клучниот момент на трката се случи во последниот круг кога Петручи со еден хазардерски маневар успеа да излезе пред Маркез и Довициозо.

„Успеав да влезам длабоко и да најдам мал простор помеѓу Андреа и Марк. Потоа едноставно притиснав и не застанав додека не го видов знамето на крајот“, рекол 28 годишниот Италијанец.

Мото Гп шампионатот ќе продолжи со трката за Големата награда на Каталуња на 16 јуни.

Scroll to Top