Top Sport

Верона извлече драгоцен поен кај Удинезе

Верона, по катастрофалниот старт на сезоната, по четврти пат во последните пет меча успева да остане непоразена, одигрувајќи 1:1 на гости кај Удинезе. Иако уште остануваат на далечни шест поени од безбедната зона, навивачите на Хелас мораат да бидат задоволни од прогресот кој го има тимот под тренерот Марко Ѕафарони.

Верона дојде во водство по само 4 минути игра кога Родриго Бекао си постигна автогол, пред домаќините да успеат да израмнат преку младиот српски напаѓач Лазар Самарџиќ, откако Бето ја размрда одбраната на Верона. До крајот на мечот, двата тима како да беа задоволни со освоениот поен.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top