Top Sport

Вештачката интелигенција ги одреди најдобрите 11 на сите времиња

Милиони корисници секојдневно комуницираат со вештачка интелигенција на „Chat GPT“. Вештачката интелигенција таму е направена да одговори на сите прашања, вклучително и спортските.

На прашањето за најдобриот фудбалски тим на сите времиња, „Chat GPT“, одговара дека „изборот на најдобрите играчи на сите времиња зависи од субјективните преференции, ерата во која играле овие играчи и влијанието што го имале врз фудбалот“.

Ова е најдобриот состав на сите времиња според „Chat GPT“: Лав Јашин, Кафу, Франц Бекенбауер, Паоло Малдини, Роберто Карлос, Зинедин Зидан, Диего Марадона, Пеле, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Роналдо.

„Овој тим има легендарни, најталентирани фудбалери кои некогаш играле фудбал. Тие освоија бројни индивидуални награди и им помогнаа на своите тимови да освојуваат титули. Сепак, конечната одлука за најдобриот фудбалски тим на сите времиња ќе биде донесена врз основа на индивидуалните мислења на што можат да влијаат многу фактори“, тврди вештачката интелигенција.

Scroll to Top