Холандскиот плејмејкер Весли Снајдер се подготвува за нов трансфер во јануари, заминувајќи си од европскиот фудбал да се обиде во МЛС лигата со Лос Анџелес галакси.
33-годишниот Снајдер беше сметан за еден од најталентираните играчи од средниот ред, играјќи клучна улога во блескавата сезона на Интер во 2009/10, но си замина оттаму поради несогласувањата со лидерите на клубот и играше во Галатасарај.
И таму имаше нова расправија со водството на клубот, по што самиот си го откупи договорот и замина во Ница, каде што има солидни резултати. Сепак, Снајдер не е задоволен и сега последните години од својата кариера сака да ги помине во Холивуд, во клубот во кој играа и Дејвид Бекам и Стивен Џерард.