Top Sport

Вест Бром и Алардајс во потера на невозможното – го декласираа и Саутемптон

Сем Алардајс е познат како тренер кој никогаш не испаднал од Премиер лигата, односно како експерт за опстанување, но ако успее да го повтори тоа со Вест Бромвич Албион, несомнено ќе биде најголемиот успех.

ВБА, популарните „Бегис“, откако во минатото коло со 2:5 ги уништија Челси, вечерва со 3:0 го совладаа Саутемптон, за да дојдат на осум поени од безбедната зона со осум натпревари до крајот на сезоната, заддржувајќи ги шансите да останат во елитата.

Откако во петтата минута од мечот беше поништен апсолутно „легален“ гол на Диањ, Матеуш Переира во 32. минута од пенал ги донесе домаќините во водство. Само три минути подоцна Мет Филипс го зголеми водството, за во 69. минута Калам Робинсон да ги постави конечните 3:0.

ВБА остануваат на претпоследното место на табелата, но сега имаат 24 поени, два помалку од Фулам пред нив и осум зад Њукасл со 32 на првото „безбедно“ место. Брајтон исто така имаат 32 поени, а Барнли на 15. место имаат 33 поени во интересна трка за опстанок. Саутемптон се 14. со 36 поени.

Scroll to Top