Top Sport

Вест Хем ги победија Наполи и Баерн – потпишаа со Пабло Форналс

Вест Хем ја добија трката со Наполи и Баерн Минхен и во петокот го официјализираа трансферот на повремениот шпански репрезентативец Пабло Форналс. Вест Хем за услугите на 23 годишниот Форналс на Вилјареал му платиле 27 милиони евра.

Пабло Форналс кој може да игра и како десено крило и како десен бек е второто најскапо засилување во историјата на клубот. Минатата година Вест Хем за Фелипе Андерсон палтија 45 милиони евра.

„Среќен сум што ќе играм за Вест Хем. Се чувствувам добро, среќен сум и благодарен на шансата што ми се укажа“, рекол Форналс.
Шпанецот минатата сезона за Вилјареал одиграл вкупно 50 натпревари на кои забележал пет гола и шест асистенции. Претходно Форналс играл за Малага.

Scroll to Top