Top Sport

Вест Хем го отпуштија Пелегрини

Три дена пред новата година Вест Хем му врачија отказ на менаџерот Мануел Пелегрини. Чилеанецот е отпуштен по поразот од Лестер (1:2). Ова беше четвртиот пораз во низа за „чеканите“ на домашен терен, вкупно шест во сезоната пред своите навивачи.

Вест Хем се во лоша серија, имаат девет порази на последните 12 натпревари. Досега освоија само 19 поени и се наоѓаат на 17 место во Премиер лигата.

Пелегрини на клупата на Вест Хем се задржа 18 месеци, минатата сезона ја заврши на деветтото место на табелата. Со Вест Хем победил на 24 од 64 натпревари.

Вест Хем е третиот тим од Лондон кој во последните 40 дена го сменија тренерот, претходно тоа го направија Тотенхем и Арсенал.

Scroll to Top