Никола Влашиќ во финишот на преодниот рок замина од Москва и се пресели во Лондон. Хрватскиот репрезентативец, во наредните пет години, ќе го носи дресот на Вест Хем јунајтед.
Братот на атлетичарката во скок во височина, Бланка Влашиќ, ги наплати добрите игри во ЦСКА, во изминатите две сезони. Неговиот трансфер во Вест Хем изнесува 30 милиони евра.
Влашиќ е дете на Хајдук, во 2017 година за 11 милиони евра стана играч на ЦСКА.
Со овој трансфер, Никола Влашиќ, стана третиот најскап хрватски фудбалер во историјата. Пред него се само Матео Ковачиќ за кого Челси пред две години на Реал им платија 50 милиони евра и Лука Модриќ, чии трансфер од Тотенхем во Реал изнесуваше 35 милиони евра.
Welcome to West Ham United, Nikola Vlasic! ✍️
— West Ham United (@WestHam) August 31, 2021